Ако сакате да уживате во убавото време без досадни инсекти, еве неколку совети како природно да се ослободите од нив.




Рузмарин и каранфилче
Вметнете гранче рузмарин во јагленот додека печете на скара за да се одбраните од натрапниците и како додаток на масата, ставете лимон исечен на половина, а потоа пикнете каранфилче во него.
Ќе изгледа убаво и ќе шири освежителен мирис кој инсектите воопшто не го сакаат. Во непосредна близина на терасата или во балконските жардинери засадете растенија кои ќе бидат ефективни сојузници во борбата против малите крвопијци.




Маточина
Маточината е вистинска легенда меѓу растенијата кои ги „бркаат“ мувите. Етеричното масло кое го содржи шири освежителен мирис, а одлично се покажа и во борбата против непријатните летечки суштества.
Доколку доцна реагиравте, а ве каснал комарец, ќе ви помогне маточината. Изберете свеж лист и исцедете го сокот со прстите на местото на каснување, а потоа оставете го да се исуши. Чешањето ќе исчезне за неколку секунди!




Лаванда
Лавандата не само што им дава медитерански шарм на балконот и терасата, туку со својот мирис сигурно се бори против досадните муви и комарци, па затоа растението со ситни виолетови цветови мора да се најде во вашата околина.
Етеричното масло од лаванда е единственото есенцијално масло што може да се нанесе на кожата во неразредена форма. Интензивната арома што ја шири не им е воопшто пријатна на инсектите. Нејзините есенцијални масла ќе се погрижат инсектите да ве заобиколат во широк круг.




Заштита од муви за по пат: Направете мешавина од етерични масла. Измешајте маточина или масло од лаванда со млеко за тело (сооднос еден до четири) и нанесете ја оваа смеса на кожата. Избегнувајте го пределот околу очите.


