Еве како да ги отстраните мрсните дамки од кујнските ѕидови кои остануваат после готвењето.




Колку и да внимавате при подготвувањето на храната, често се случува по пржењето ѕидовите околу шпоретот да се попрскаат со масло. Згора на се, пареата што се создава во кујната од готвењето ги отежнува работите уште повеќе бидејќи дамките се создаваат уште побрзо.
Колку подолго остануваат дамките неизбришани, толку е потешко да ги отстраните, а сигурно не посегнувате по крпа и не ги бришете веднаш по готвењето. Сепак, постојат начини да се ослободите од маснотиите кои ќе ви овозможат да се ослободите од сите дамки, без бојадисување на ѕидовите.




Лак за коса
Лакот за коса има многу апликации надвор од неговите основни придобивки. Една од апликациите е отстранување на маснотии. Пожелно е дамките од мрснотиите на ѕидот да се испрскаат со лак, а потоа со сува крпа избришете ги масните места.
Оцет
Се што ви треба е сунѓер и алкохолен оцет. Ова ќе ги избрише мрсните дамки се додека тие повеќе не се видливи. После тоа, нежно отстранете ги остатоците од оцет од ѕидот со чист сунѓер, а на крајот избришете го ѕидот со сува крпа и оставете го да се исуши.




Пченкарен скроб
Направете мешавина од вода и пченкарен скроб. Намачкајте ја смесата на маснотијата на ѕидот. Оставете го да делува малку, додека не ја впие маснотијата. Кога одстои, внимателно отстранете го со влажна крпа.


