Ослободете се од непријатниот мирис на тутунот на природен начин. Ако барем еден член од вашето семејство редовно конзумира цигари, непријатниот мирис на тутунот ќе остане постојана „арома“ во просторот.




А ако одвреме-навреме на гости ви доаѓа друштво кое пуши, или некој од домашните повремено запалува цигара, постојат неколку природни трикови кои ќе ви помогнат да го потиснете непријатниот мирис на цигарите.
Бел вински оцет
Белиот вински оцет е дефинитивно еден од најдобрите неутрализатори на чад од цигари. Подгответе мешавина од топла вода и оцет, а потоа исчистете ги сите површини со крпа. Избришете ги масите, кабинетите, полиците и другите места за складирање.




Можете исто така да ги избришете подовите, прозорците. Ако мирисот на тутун е многу интензивен, можете да истурете оцет во чаша и таа да биде оставена преку ноќ во собата.
Сода бикарбона
Содата ставете ја во сад, кој потоа ќе го ставите во просторот за пушење. Можете исто така да испрскате сода на подот и да ја оставите 24 часа, а потоа едноставно да ја исчистите со правосмукалка. На овој начин можете да се ослободите од мирисите од теписите, мебелот и фотелјите.




Мирисот на цитрус
Брзо, ефикасно и природно ќе се ослободите од мирисот на чад од цигари со помош на портокалите и лимоните. Излупете ги, поделете ги на кришки, па заедно со семките наредете ги на помали чинии.
Ставете ги низ целиот стан и оставете ги да се исушат. Пријатен мирис наскоро ќе го исполни просторот, а вие на многу лесен начин ќе се ослободите од мирисот на чад од цигари.






