Во топлите летни денови лубеницата е едно од омилените задоволства




Освен што го заменува десертот, може да ви помогне и да изгубите тежина. Ви предлагаме диета со лубеница со која можете да изгубите 5 килограми.
Поради високиот процент на вода и скромната калориска вредност од само 20 калории на 100 грама, како и освежувањето што го дава на високи температури, лубеницата е омиленото овошје на многумина во летните месеци.




Токму овој период од годината сме најчувствителни на тежината и изгледот на нашето тело, бидејќи тогаш на виделина излегува сета „непослушност“ во исхраната и начинот на живот.
Доколку сакате да изгубите неколку килограми пред да го соблечете костимот за капење за неколку дена или неколку недели, во тоа ќе ви помогнат редовното движење, пливањето или која било друга физичка активност, како и диетата со лубеница.




Поради витамините А, Ц и Б6 и минералите кои се во изобилство, диетата со лубеница нема да го осиромаши дневниот внес на потребните материи, а нејзиниот диуретичен ефект ќе обезбеди да се спречи вишокот на вода да се задржува во организмот.
Појадокот е ист секое утро: едно парче лубеница, 50 грама тост, шолја разладен чај и секој ден пијте 12 чаши вода, чај или свежо цеден овошен сок.




Ден 1:
Ручек: 100 грама варено говедско месо, 100 грама варен ориз со сос од домати, парче лубеница.
Вечера: 50 грама сирење, 1 парче тост, лубеница по желба.
Ден 2:
Ручек: Парче тост, 50 грама варени пилешки или мисиркини гради, 1 парче лубеница
Вечера: 100 грама варена или печена риба, 1 парче тост, 1 парче лубеница




Ден 3:
Ручек: 30 грама шпагети со сирење и домати, лубеница по желба
Вечера: Мешана салата од домати, краставици, пиперки, кромид и зелена салата, 1 парче лубеница
Ден 4:
Ручек: Супа од зеленчук, 1 парче тост, 50 гр варено пилешко, 1 парче лубеница
Вечера: 2 варени компири со пармезан, лубеница по желба




Ден 5:
Ручек: 50 гр варено говедско месо со печурки, лубеница по желба
Вечера: 50 гр свежо сирење, 2 кришки тост, лубеница по желба.


