Како да направите природен додаток за растенијата од кора од банана – наводнете ги цвеќињата со ова и ќе бидат здрави и отпорни! Цветовите во затворен простор имаат потреба од храна, особено кога доаѓа пролетта.




За да избегнете вештачко хранење со хемикалии, можете да направите домашно средство од само една намирница што ќе го нахрани вашето растение од корен до лист. Следниот пат кога ќе изедете банана, никогаш не ја фрлајте кората, бидејќи таа е полна со хранливи материи за вашите цвеќиња.
Овој едноставен трик изненади многу љубители на цвеќињата, а тајната е во тоа што кората од банана содржи бројни хранливи материи кои помагаат растението да биде здраво.




Овој органски додаток содржи фосфор кој позитивно делува на цветовите на растението, како и калиум кој го прави растението посилно и му помага да се развива и расте.
Еден од начините да ја искористите кората од банана за оплодување е да ја закопате во земја заедно со растението, но уште полесно е да направите органско ѓубриво во тегла и со него да ги наводнете цветовите.




Без многу неред, мака и време, а вашите домашни растенија ќе ви бидат особено благодарни. Целата процедура погледнете ја во видеото подолу.






