Започна кинеската нова година – еве што носи правилото на водениот Тигар според хороскопот. Многу култури ја слават лунарната нова година, која го означува вториот нов месец по декемвриската краткоденица.




Во кинеската астрологија, почетокот на лунарната година го претставува и преминот кон новиот владејачки знак на зодијакот. Лунарна нова 2022 година започна на 1 февруари, а владетелот на кинескиот зодијак ќе стане Водениот Тигар.
Кинески хороскоп за 2022 година
Тигарот е жестоко и храбро животно, што значи дека оваа година имаме големи шанси да ги надминеме стравовите и храбро да тргнеме напред кон нашите цели. Годината на тигарот ни дозволува да ја искористиме сопствената внатрешна моќ, бидејќи нема ништо што не можеме да постигнеме кога се фокусираме на нешто.




Годината на тигарот често е позитивен знак кога станува збор за напредување во кариерата. Ако имате големи соништа, храбра цел или проект што би сакале да го започнете, годината на тигарот ви ја нуди довербата и поддршката што ви е потребна за да го остварите тоа.
Сепак, не можете да очекувате сè веднаш. Тигарот е трпеливо суштество на кое му треба време да го шпионира пленот и да го направи првиот чекор. Иако можеме да скокнеме и да преземеме храбри чекори, мора да бидеме и трпеливи.




Исто како што тигарот го лови својот плен, ние можеме да правиме пресметани потези, но исто така мораме и да бидеме трпеливи и да чекаме совршена можност за напад.
Во кинеската астрологија се вели дека годината на тигарот носи нагли промени и може да го промени односот на моќта и парите, а слично за 2022 година предвидуваат и астролозите.




Тигарот не е само моќно, храбро, туку и многу интуитивно суштество. Има изразено шесто сетило. Во годината на тигарот, и ние можеме да работиме на нашата интуиција за да ни помогне да донесуваме одлуки.
Имајќи доверба во нашиот внатрешен глас и обрнувајќи внимание на суптилните знаци на нашата околина, можеме да ги забележиме сигналите што ги испраќа универзумот. Водениот тигар е еден од елементите на водата што може да ги стимулира нашите емоции и да не направи почувствителни на енергиите околу нас.




Зголемената чувствителност може да биде суперсила која ни помага да се поврземе со фреквенциите на универзумот, овозможувајќи ни да се чувствуваме едно со сè. Но, тоа чувство може да биде и исцрпувачко ако не се заштитиме.
Преземањето дополнителни чекори за заштита на вашето енергетско тело ќе биде важно оваа година, а ние можеме да го направиме тоа работејќи со лековитата моќ на водата.




Водата содржи вибрации, затоа наполнете чаша вода пред да ја испиете, кажете ги намерите, пред да се капете или туширате или да потрошите време на море, реките или езерата се начини на кои можеме да се поврземе со лековитата моќ на водата.
Водениот елемент, исто така, укажува дека оваа година мора да бидеме расположени и подготвени да одиме заедно со протокот на вода. Можеби ни е тешко да се чувствуваме стабилно или сигурно, но ако го прифатиме ритамот на брановите, ќе ни биде многу полесно отколку да се бориме со нив.




Водата е и многу креативна енергија, што укажува дека оваа лунарна Нова година може да биде особено поволна за креативни проекти.
Значи, годината на водениот тигар е година на амбиција, храброст, интуиција и креативност. Еве неколку ефективни чекори што можете да ги преземете за да ја поддржите оваа енергија:




- Отфрлете го стравот и ограничувачките верувања
- Размислувањето кое започнува со „не сум доволно добра…“ обидете се да го замените со „Што ако можам…“
- Пробајте нова активност, одете во непознатото
- Најдете начини да го зголемите вашето задоволство од кариерата
- Преиспитајте ги вашите вредности и што е навистина важно за вас
- Бидете трпеливи, почекајте го вистинскиот момент за акција
- Поврзете се со вашата внатрешна енергија – истражете што значи тоа за вас
- Посветете повеќе внимание на водата – наполнете чаша вода со намера пред пиење, капете се, поминете време во близина на вода…






