Фенг шуи – 5 работи што треба да ги промените во куќата за повеќе пари! Техники за привлекување на позитивна Чи енергија …




Фенг шуи е древна кинеска филозофија која се користи во уредувањето на просторот во домот. Кога фенг шуи е добар, позитивната Чи енергија тече низ куќата, тврдат експертите за фенг шуи.
Оваа енергија е поврзана со благосостојбата, расположението, атмосферата во домот, со парите, а еве 5 работи што треба да ги промените во куќата за да имате повеќе пари:




1. Внимавајте со водениот елемент
Експертите за фенг шуи советуваат дека сите цевки и славини во домот што протекуваат треба да се поправат, бидејќи тоа го симболизира одливот на пари од вашата куќа.
Исто така, не смеете да дозволите во домот да стои застоена вода, затоа редовно менувајте ја водата во вазни и аквариуми (доколку немате филтер за прочистување). Огледалото е поврзано со водениот елемент, па затоа не треба да се поставува преку креветот во спалната соба и во него да не се гледа одразот на влезната врата.




2. Моќта на растенијата
Растенијата секогаш го облагородуваат просторот, внесуваат посебна естетика и свежина во домот. Според фенг шуи постојат растенија кои привлекуваат пари.
Не треба да чувате вештачки, исушени или изнемоштени цвеќиња во домот, затоа задолжително исфрлете ги.




3. Бои кои симболизираат пари
Црвената боја е одлична за подобрување на финансиите, но не претерувајте за да не го зголемите елементот оган во домот кој може да предизвика конфликти.
Исто така, боите на богатството се зелена и виолетова, па со нив можете да го украсите просторот. Но, не заборавајте, важно е се да биде во хармонија и совршена рамнотежа.




4. Енергијата во кујната е поврзана со парите и здравјето
Важно е кујната да е секогаш средена и уредна, се во неа да биде чисто. Отстранете ја расипената храна и храната со поминат рок од фрижидерот, исчистете го шпоретот од дамки.
Исто така организирајте ги намирниците и зачините – ништо не треба да се фрла. Задолжително исчистете ја прашината зад кујнските елементи.




5. Извадете од дома се што е непотребно
За нормално да функционира поволната енергија низ домот, важно е таа да биде растоварена, слободна, без премногу работи. Ослободете се од сите нешта што се расипани, скршени (донесуваат лоша енергија).
Како и работите што повеќе не ги користите и се што не е поврзано со вашите потреби и чувства. Отворен дом е дом на богатство!






