Советите против мувла и влага се секогаш добредојдени – еве како домашните растенија можат да ви помогнат!




Мувлата на ѕидовите и влагата во домот се големи проблеми кои особено нè мачат во зимските денови, кога често се сушат алиштата во собите. Тоа е и здравствен проблем, затоа треба да се применат сите можни решенија, особено природните и евтините, како што се растенијата кои ја впиваат влагата.
Растенијата во затворен простор се исто така вредни бидејќи апсорбираат токсини, а со сето тоа изгледаат убаво и го збогатуваат нашиот простор.




Истражувањата покажуваат дека во простории со растенија може да има помеѓу 40 и 60 проценти спори на мувла и разни бактерии. Но, не се сите подеднакво ефикасни, па затоа ви ги предлагаме следните три типа.
Бршлен
Не само што бршленот ја отстранува мувлата туку и ги апсорбира токсините како што се формалдехидот и бензенот. Најдобро расте на силна, но индиректна светлина и ја сака влагата. Внимавајте на фактот дека неговите лисја се отровни за домашните миленици.




Спатифилум
Овие цвеќиња му даваат посебна елегантна нота на домот благодарение на прекрасните бели пупки, додека листовите ефикасно ја апсорбираат влагата од воздухот. Спатифилумот ќе напредува дури и ако нема многу светлина, само бидете внимателни бидејќи неговите лисја се токсични и за животните.
Палми
Доколку ве потсетуваат на тропските предели, тоа е само причина повеќе да го украсите домот со нив, особено во зимските месеци. Одлични се за контролирање на влажноста во воздухот, а за тоа најдобри се назабената и дамската палма.






