Исклучително е важно да најдете рецепт според кој ќе приготвувате здрава зимница, а ова е еден од тие начини на подготовка




Без разлика дали ги сакате или не, доматите се здрави и треба да ги јадете што почесто.
Доматите содржат вистинска ризница на витамини А и Ц, витамин Б3 и Б6, а исто така се богати со магнезиум кој ги движи нашите мускули, хлорот и сулфурот им помагаат на црниот дроб и бубрезите да работат подобро, што е клучно во процесот на детоксикација на телото.




Домашни мелени домати
Секоја домаќинка има свој рецепт, а ние ви даваме начин да подготвите мелени домати кои ќе траат и до две години.
Состојки:
- 10 кг домати
- 5 рамни лажици сол
- кесичка винобрам
- 2 врски магдонос




Подготовка:
Измијте ги доматите, исчистете го делот околу стеблата, а потоа плодовите исечкајте ги на крупни парчиња и сомелете ги во мелница за месо. При мелење користете најгрубо сито, за доматите да не се претворат во сок.
Истурете ги мелените домати во поголемо тенџере, посолете ги, додадете ги винобранот и магдоносот што сте ги исецкале претходно. Сè добро измешајте со голема дрвена мешалка и оставете да отстои најмалку два часа.




Доматите уште еднаш добро измешајте ги, па истурете ги во тегли или стаклени шишиња со широк отвор, цврсто затворете ги и чувајте ги на ладно место. Ако сакате зачинет вкус, сомелете неколку лути пиперки заедно со доматите.


