3 шејкови за слабеење и детоксикација – напитоци кои ги топат мастите и го чистат организамот! Еве ги рецептите…




Кога сакате да изгубите тежина, важно е да обрнете внимание на ужините, меѓуоброците. Се препорачува да се консумира храна богата со растителни влакна, како и супстанции кои се корисни за детоксикација, односно за чистење на организмот.
Затоа ви предлагаме рецепти за 3 шејкови за слабеење:




1. Пијалок од манго и авокадо
Мангото содржи витамини А, Б6 и Ц, фолна киселина. Богато е и со хранливи материи кои му се неопходни на организмот. Ова овошје е богато со растителни влакна и дава многу енергија, која го активира метаболизмот и ги согорува вишокот калории.




Состојки:
- 40 гр сечкано манго
- 60 гр зрело сечкано авокадо
- 125 ml сок од зрело манго
- 50 мл јогурт од ванила (без маснотии)
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажица шеќер
- коцки лед
Подготовка: Сите состојки истурете ги во блендер. Измешајте сè додека не добиете единствена смеса. Истурете во голема чаша. Додадете малку сок од лимон и добро измешајте. Додадете парчиња манго или капини во смутито, по вкус.




2. Смути од праска
Праските помагаат да се намали апетитот и да се забрза метаболизмот. Многу се корисни за здравјето и помагаат за зајакнување на имунолошкиот систем.




Состојки:
- 250 мл млеко (може да биде и растително)
- 150 гр сечкани праски
- 1 лажица органско ленено масло (ладно цедено)
Подготовка: Во блендер истурете млеко и во него ставете замрзнати праски. Изматете ја оваа смеса неколку минути, а потоа истурете ја во чаша. Во неа додадете ленено масло и добро измешајте.




3. Шејк со зеленчук
Зеленчукот е одличен согорувач на масти, полн е со витамини, минерали, хранливи материи, ќе ве засити, а може да биде и одличен и вкусен предлог за смути.
Состојки:
- ½ краставица
- ½ главица целер
- 60 гр спанаќ
- прстофат нане
- 3 моркови
- прстофат магдонос
- ¼ ананас, портокал и лимон
- 2 јаболка




Подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и мешајте додека не добиете единствена смеса. Истурете го смутито во чаша. Пијте редовно како ужина за брзи резултати.


