Во есента има паднати пожолтени лисја, тивки дождови, пријатни вечери и … лате од тиква!




Доколку не сте го пробале топлиот пијалок кој го полудува светот и сите почнуваат да ја поврзуваат есента со него, крајно време е да се приклучите кон клубот на зависници од тиквеното лате (или таканареченото Pumpkin Spice Latte).
Според некои луѓе, есента официјално не започнала ако сеуште не сте ја испиле првата чаша тиквено лате!
Започна од голем ланец на кафе пијалоци, но брзо си зазеде свој живот за да стане официјален есенски пијалок. Денеска ви нудиме исклучително вкусен и нискокалоричен рецепт за есенскиот пијалок.




Потребни производи:
- 4 лажици пире од тиква (можете да си одделите коцки кога готвите тиква на пареа и само да блендирате)
- 1 лажица мед
- 100 мл. млеко по избор (кравјо или од јатки)
- 100 мл. еспресо
- шлаг за декорација
- ванила по вкус
- зачини во прав по вкус – цимет, морско оревче, каранфилче, ѓумбир
Начин на подготовка:
Промешајте го пирето од тиква, зачините, медот и ванилата. Додадете го топлото млеко и повторно измешајте.
Додадете го топлото еспресо. На крај декорирајте со павлака.




Ако сакате да го направите рецептот вегански, медот можете да го замените со агаве, јаворов сируп или само шеќер. Павлаката е јасна – има доволно растителна на пазарот.


