Кое е значењето и симболиката на растението Божиќна ѕвезда – еве каде треба да го ставите во вашиот дом!




За време на празниците украсуваме домови, улиците блескаат и зрачат со посебна магија, но и природата ги подготвува своите украси. Еден од најубавите природни украси за новогодишните и божиќните празници е секако Поинсетијата – црвена божиќна ѕвезда.
Ова прекрасно цвеќе го одзема здивот за време на празниците, а малкумина знаат кое е неговото значење и симболика. Поинсетијата потекнува од Мексико, а првично била поврзана со легенда.




Имено, една девојка по име Марија била премногу сиромашна за да може да купи празничен подарок. Ангелот ѝ рекол наместо тоа да собере плевел од патот.
Кога го ставила плевелот до црковниот олтар, никнале цвеќиња кои подоцна се претвориле во божиќни ѕвезди. Обликот на листовите во форма на ѕвезда ја симболизира Витлеемската ѕвезда, додека црвената боја го симболизира распнувањето.




Поенсетијата обично се одгледува во црвена боја, но има и други бои, како што се бели, розови и зелени цветови. Без разлика на бојата, цвеќињата на боцки имаат слично значење.
Во основа, овие цвеќиња го симболизираат успехот, доброто расположение, па дури и чистотата. Најчесто се подаруваат за време на празниците како симбол на успех и среќа, а се верува дека треба да им се подаруваат и на луѓето кои роденденот го слават во декември.




Според симболиката, божиќната ѕвезда носи добро расположение, радост, чистота, љубов и добри желби. Се препорачува божиќната ѕвезда да ја чувате во близина на новогодишната елка и на тој начин да ја збогатите декорацијата, но и да ја зајакнете добрата енергија и радост во вашиот дом.
Освен за Нова Година и Божиќ, овој цвет е прекрасен за украсување на зимски свадби, бидејќи црвеното секогаш навестува љубов, а веќе споменавме дека боцкастиот облик е симбол на среќа и успех. Затоа младенците кои го имаат на својата свадба, можат да почувствуваат позитивен брачен пат.






