Доведете ја вашата линија до совршенство за само три недели




Основните принципи на диетата со смути е да се консумираат што повеќе здрава храна во течна форма два пати на ден. Заедно со два пијалоци дневно, треба да имате уште еден специфичен оброк кој треба да содржи здрави растителни и животински протеини и јаглехидрати.
Овој тип на диета за слабеење препорачува да не се консумираат пијалоци еден ден во неделата, но и диетата да се користи само 21 ден. После тоа, потребна е пауза, а овој циклус може да се повтори секогаш кога сакате повторно да изгубите тежина.




Оваа диета е всушност мешавина од различни здрави намирници, различно овошје, зеленчук и семки со некоја течна храна без додаден шеќер. Тоа може да биде млеко, кравјо, кокосово или бадемово, јогурт со пробиотици, чај или дури и вода.
Зошто диета со смути?
Оваа диета служи за намалување на несаканите килограми и одржување на соодветна телесна тежина.




Со оваа диета многу полесно се контролираат намирниците и калориите кои ги внесувате, а со овој начин на исхрана можете да водите брз и здрав начин на живот.
Освен што се користи за слабеење, оваа диета на корисниците им дава дополнително ниво на енергија бидејќи е многу богата со хранливи материи.




Освен тоа, го подобрува варењето и го забрзува, што овозможува и слабеење, како и исфрлање на токсините од цревата и телото. Чистењето на токсините од телото обезбедува бројни придобивки како што се почиста кожа, појака коса и посветлен тен.


