Колку пати сте ја уништиле омилената облека со дамки од храна? Прочитајте како вашата облека да изгледа како нова и покрај добиените дамки од храна.




Дамките и флеките од различно потекло се непријатели на нашата гардероба. Како и според стариот добар Марфиов закон, оние омилени парчиња облека секогаш се предмет на нечистотија.
Еве неколку совети од искусните домаќинки, како и стари бабини трикови за отстранување на дамките:




Дамки од пиво
Дамките од пиво ќе ги отстраните со смеса од алкохол и вода во иста количина.
Жолчки од јајце
Оставете ја ткаенината добро да се исуши, потоа исчеткајте ја, а потоа истријте ја дамката од жолчка со малку бензин.




Дамки од боровинки
Ќе исчезне ако ги намачкате со лимон или кисело млеко.
Масни дамки на облеката
Ќе ги отстраните само со дебел слој од брашно од компир. Почекајте некое време да одстои, а потоа четкајте.




Дамки од какао
Исплакнете ги со ладна вода без сапун и детергент. Истото важи и за дамките од млеко.
Дамки од чоколадо
Исплакнете со ладна вода, а потоа истријте со бензин.






