Отец Тадеј – совет како да се ослободиме од негативните мисли и да не дозволиме да се вселат во нашето срце!




Отец Тадеј, еден од најпознатите и најсакани свештеници меѓу православните верници, истакна дека посебно внимание треба да се посвети на мислите – од каде потекнува неговата позната порака – „Какви се вашите мисли, таков е вашиот живот“.
Во тетратката на отец Тадеј се најдоа следните зборови – “Внимавајте на своите мисли. Сè потекнува од мислите, и доброто и злото. Мислата претходи на акцијата. Земните закони не ги казнуваат мислите, туку само делата.




Небесниот закон ги казнува и мислите, не само дејствијаТА. Внимавајте на мислите. Ако изворот е чист, водата ќе биде чиста. Ако вашите мисли се чисти, светли и здрави, сè што правите ќе биде благословено. Внимавајте на мислите“.
„Телото се храни со храна, а духот со мислите“. – рекол отец Тадеј, но што да се прави кога ќе се појават негативни мисли. Тие мисли кои се појавуваат од никаде, се таложат во нашиот ум и не ни даваат мир.




Многу луѓе во модерниот, зафатен свет, полн со бури, предизвици, искушенија и превирања, се оптоварени со негативни мисли и на тој начин го губат својот духовен, внатрешен мир. Како да се справите со нив?
Отец Тадеј велеше – „Негативните мисли што му паѓаат на секого треба што поскоро да се отстранат од себе, бидејќи кога ќе се пуштат во срцето, ќе допрат до чувствата и ќе се измешаат со нив, стануваат поопасни и потешки за отстранување“.




Отфрлете ја негативната мисла веднаш штом ќе се појави, заменете ја со радосни мисли, мисли на благодарност за она што е прекрасно, убаво и благословено во вашиот живот.
Ослободете се од негативното и дозволете чувството на леснотија да ви ја преплави душата во длабок внатрешен мир.






