Различни природни катастрофи, оставаат трага врз кардиоваскуларниот систем, па затоа е можен срцев удар неколку години по кризна ситуација. Срцевиот удар не избира место и време.




Може да биде предизвикан од услови што, на прво место, не би ги поврзале со срцеви заболувања. Недостатокот на сон, мигрена, обилни оброци, загадување на воздухот, прекумерна возбуда на фудбалски натпревар или секс, понекогаш може да бидат причини за срцев удар.
Кардиоваскуларните заболувања се водечка причина за болести и смрт во светот и кај нас. Лошите животни навики, неконтролираните услови, временските услови, можат да го зголемат ризикот од срцев удар.
Недостаток на спиење
Недостатокот на квалитетен сон не само што ја нарушува работната способност, туку може да ја зголеми шансата за срцев удар. Во една студија, беше откриено дека луѓето кои спиеле помалку од 6 часа во ноќта имале двојно поголема веројатност да добијат срцев удар отколку луѓето кои спиеле од 6 до 8 часа.




На лекарите се уште не им е целосно јасно како несоницата води до срцев удар, но тие знаат дека недостатокот на сон може да го зголеми крвниот притисок и да доведе до воспаление.
Мигрена
Се смета дека луѓето кои страдаат од мигрена се повеќе подложни на срцев удар. Се покажа дека аурите, звуците или чувствата што започнуваат пред мигрената имаат силна врска со срцевите проблеми.
Студено време
Студеното време, односно ниските температури се шок за телото. Престојот надвор во зимските месеци може да доведе до стеснување на артериите и да го отежне протокот на крв во срцето.




Во услови на голема студ, срцето работи понапорно за да обезбеди топлина на телото. Лекарите советуваат понекогаш да се воздржуваме од спортски активности на снег.
Загадување на воздухот
Се смета дека срцевите удари се почести во делови од светот каде има повеќе загадување на воздухот. Луѓето кои се изложени на постојано загадување на воздухот почесто имаат запушени артерии и срцеви заболувања.
И особено е опасно да седите во автомобил во шпицот и да се нервирате што нема да стигнете некаде на време. Обидете се барем добро да го затворите автомобилот, за да спречите навлегување на издувните гасови.




Обилен и тежок оброк
Размислете внимателно, ако сте веќе сити, дали ќе додадете повеќе храна во чинијата. Големи количини на храна во еден оброк, го зголемуваат хормонот за стрес норепинефрин, го зголемуваат крвниот притисок и отчукувањата на срцето, и на тој начин создаваат услови за срцев удар.
Оброците со висока содржина на маснотии, исто така, можат да предизвикаат ненадеен скок на маснотиите во крвта и да ги оштетат крвните садови, зголемувајќи ја веројатноста за срцев удар.
Силни емоции – и негативни и позитивни
Страдањето, лутината, стресот, се само некои од предизвикувачите на срцеви заболувања. Сепак, дури и прекумерната радост понекогаш може да доведе до опасна состојба и да предизвика срцев удар.




Неочекувани изненадувања, родендени, свадбени веселби, раѓање на дете … може премногу да возбудат човек и да доведат до срцев удар.
Нагла и ненадејна исцрпеност
Умерената физичка активност е добра за здравјето на срцето, но не претерувајте. Се проценува дека околу 6 проценти од срцевите удари се предизвикани од екстремен физички напор. Вежбањето е добар начин за ослободување од стресот, но особено е важно да не претерувате кога сте лути или вознемирени.
Настинка или грип
Во ситуации кога имунолошкиот систем се бори против вируси или бактерии, присутно е воспаление што може да ги оштети артериите и срцето. Едно истражување тврди дека луѓето кои страдаат од респираторни инфекции имаат двојно поголема веројатност да добијат срцев удар.
Опасноста се зголемува ако инфекцијата трае, на пример, неколку недели. Срцевите напади се почести кај грипот.
Астма
Експертите веруваат дека луѓето со неконтролирана астма имаат 70 проценти поголеми шанси да добијат срцев удар. Иако се користат пумпи, постои ризик.
Често, луѓето кои страдаат од астма ги игнорираат симптомите, како што е стегање во градите, што исто така може да биде знак за срцев удар.
Раните утрински часови
Срцевите напади се почести наутро. Мозокот го преплавува телото со хормони кои ни помагаат да се разбудиме, а тоа дополнително го оптоварува срцето.
Дехидратацијата по долг сон исто така може да го натера срцето да работи понапорно и да доведе до проблеми.
Земјотрес, терористички напади
Истражувањата покажаа дека фреквенцијата на срцев удар е поголема во делови од светот изложени на природни катастрофи како земјотреси, поплави, но и терористички напади. Интересно е што понекогаш, за време на итна ситуација, не се случуваат срцеви удари.
Катастрофите, сепак, оставаат трага врз кардиоваскуларниот систем – бидејќи срцев удар е можен неколку години по кризна ситуација. Затоа обидете се да се справите со стресот – одморете се доволно и бидете физички активни.
Секс
Како и сите форми на физички напор, сексуалниот однос, премногу возбуда, е поврзан со срцев удар. Експертите, сепак, велат дека ризикот од срцев удар е минимален ако сте во нормална состојба.
За повеќето луѓе, сексот е важен и здрав дел од животот. Меѓутоа, ако се сомневате, разговарајте со вашиот лекар.
Гледање спортски настани
Професионалните спортови можат да бидат поттик за срцев удар. Фановите понекогаш можат да бидат во опасност. Во Германија, на пример, за време на Светското првенство во 2006 година, забележан е зголемен број на срцеви удари.
Алкохол
Еден пијалок дневно понекогаш може да биде здравствена помош. Поголеми количини на алкохолни пијалоци носат одредени здравствени ризици.
Можно е прекумерната потрошувачка на алкохол да предизвика висок крвен притисок, да го подигне нивото на лоши маснотии во крвта и да доведе до зголемување на телесната тежина. Сите овие фактори можат да го загрозат здравјето на срцето.
Кафе
Како и алкохолните пијалоци, кафето има свои добрите и лошите страни. Кафето може да предизвика зголемување на крвниот притисок и да доведе до срцев удар, особено ако не го пиете секој ден. Една или две шолји кафе нема да ви наштетат, но не претерувајте.


