Честопати не сте ни свесни дека вашето размислување влијае врз исходот на некои ситуации во животот, и сето тоа се собира и циркулира во вашиот дом.




Многумина не веруваат во моќта на позитивното и негативното размислување или позитивната и негативната енергија.
Но, честопати не сте ни свесни дека вашето размислување влијае врз исходот на некои ситуации во животот. Енергијата што ја пуштате во вашиот дом е многу важна и затоа направете ја позитивна на овој многу едноставен начин.




Имено, се што треба да направите е да распоредите 3 лимони низ целата куќа во различни простории!
Ќе бидете изненадени од резултатите – ако лимонот драстично ја промени бојата следниот ден, тоа значи дека во вашиот дом или во просторија доминира лоша енергија која го цица целиот живот надвор од вас, вашето семејство и домот.




Можете да го исечете лимонот на два или три дела, и да ставите парче во секоја соба, и дефинитивно треба да ги замените по неколку дена, кога ќе се исушат.
Друга техника за која некои веруваат дека совршено го чисти домот од негативна енергија е прскање со вода во која претходно сте исцедиле малку лимон по аглите на куќата.




Третиот, но не помалку ефикасен начин е да ставите три лимони во еден сад, и да ги држите сите на комодата до креветот. На многумина ова ќе им изгледа чудно. Но не губите ништо ако го пробате, велат дека е многу ефикасно!


