Најголем проблем после користење на мијалникот се затнатите цевки. Се случува многу често да се затнуваат, а нивното чистење никако не е едноставно.




Жена на Тик Ток сподели видео кое ќе им го олесни животот на домаќинките. Најголемиот кошмар на секоја домаќинка е затнат мијалник, односно неговото чистење.
Оваа дама покажа едноставен трик кој ќе помогне тоа никогаш да не се повтори, а потребна ви е само една состојка која ја има секое домаќинство. Станува збор за алуминиумска фолија.




Ставете ја фолијата над одводот и направете го обликот во дно на чаша. Истурете ја целата маснотија што ја имате во неа и по неколку минути фрлете ја во ѓубре.
– Откако ќе се стврдне, фрлете го во ѓубре. Лесно се чисти, без неред – стои во описот на видеото. Пробајте и уверете се!






