ТРИЦИ ЗА СЛАБЕЕЊЕ – КАКО ДА ГИ КОРИСТЕТЕ: Направете евтина и здрава смеса која ги чисти цревата и ги намалува вишокот килограми

Слабеењето може да биде тежок и комплициран процес доколку сте на строги и ригорозни диети.

Покрај тоа што лошо влијае на здравјето на вашето тело, брзо изгубените килограми брзо се враќаат. Затоа, единствениот докажан начин за слабеење е да изберете здрава и нутритивно богата храна за оброци, како и физичка активност.

Појадокот, како најважен оброк во денот, може да биде предизвик доколку се храните здраво. Повеќето посегнуваат по печива во брзање и недостаток на време.

Овие калориски бомби содржат премногу шеќер, масти и јаглехидрати. Тоа нема да го обезбеди вашето тело со потребните хранливи материи, само ќе го зголеми ризикот од дебелеење.

Затоа пченичните трици се издвојуваат како одличен избор за појадок доколку сакате да ослабете и да се храните здраво. Содржат витамини А, Б, Е, и минерали како цинк, фосфор, железо, калиум, натриум и магнезиум.

Дејствуваат против токсините, одлични се за дигестивниот систем поради големото количество влакна што ги содржат. Исто така, поволно делуваат на регулација на холестеролот, ги зајакнуваат ѕидовите на крвните садови и можат поволно да влијаат на хормоналната рамнотежа.

Поради големото количество влакна, мелените житарици ќе ве држат сити подолго време,и со овој оброк нема да внесете многу калории во вашето тело. Појадокот со трици не е само нискокалоричен, туку и доста хранлив.

Триците позитивно делуваат на варењето, а со тоа го спречуваат таложењето на токсините во цревата. Како да користите пченични трици за слабеење, односно губење на вишокот килограми.

Се препорачува да се купат пченичните трици, целосно природни, без додадени вкусови, ароми или шеќер. Најчесто се користат во комбинација со кефир.

Истурете една лажица мелени трици во една чаша кефир. Оставете го да отстои околу 20-30 минути, а потоа јадете го на празен стомак.

Кефирот е исклучително богат со пробиотици, кои се неопходни за имунитет и стабилизирано варење. Ако не сакате кефир, можете да користите и јогурт.

За правење на оваа каша погодни се мелените трици од пченица, овес, лен и ‘рж. Ржта мора да се остави да отстои во зовриена вода пред употреба.

 

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...