Утре, во недела, на 4 декември, православната црква и верниците го слават Воведение на Пресвета Богородица.




Воведението на Пресвета Богородица, која уште се нарекува и Пресвета Пречиста или Богородица, се празнува на 4 декември, а во црковниот календар овој ден е означен со црвени букви.
Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста е еден од дванаесетте најголеми христијански празници и еден од петте најголеми празници посветени на Пресвета Богородица.




Воведението е исто така куќна слава во многу семејства, како и празник во некои од манастирите.
За Воведението на Пресвета Богородица
Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста се слави како спомен на денот кога Богородица за прв пат била воведена во Божјиот храм, придружувана од нејзините родители Јоаким и Ана.




По ветувањето дека детето што Бог ќе им го даде ќе му биде посветено нему на служба, Светите Јоаким и Ана ја довеле тригодишната Марија во храмот во Ерусалим. Во свечената поворка Марија прошетала меѓу мајка и и татко и, а зад нив се движеле многу роднини и пријатели.
Пресвета Богородица била поставена на првото скалило и, на сечие изненадување, неподдржана од никого, слободно се качила на 15-те скалила и застанала на врвот.




На влезот во храмот Марија ја пречекал првосвештеникот Захарија, таткото на свети Јован Крстител, благословувајќи ја и ја одвел во светилиштето, каде била до својата 12-та година.
По смртта на нејзините родители, Марија му била дадена на Јосиф, нејзиниот братучед од Назарет. Во куќата на Јосиф, Богородица Марија го примила евангелието од архангел Гаврил дека ќе го роди Синот Божји.




Народни верувања и обичаи
Богородица се смета за заштитничка на жените и мајките, а различни народни верувања се поврзани со моќта на иконите на кои таа е претставена.
Во повеќето села било обичај по богослужбата во црквата да се собираат сите млади кои се венчале таа есен , свечено облечени и украсени со цвеќиња.




Во некои места, жените кои немаат деца одат во некои манастири, каде што се молат на Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста за да добијат дете.
Постот е задолжителен на овој ден бидејќи Воведението на Пресвета Богородица – Пречиста паѓа за време на големиот Божиќен пост.






