Обичаи и стари верувања на Марковден – најважно е да се најде мир на овој благ ден!




На 8 мај православните верници го слават Марковден, празник посветен на Светиот апостол Марко. Се верува дека свети Марко бил апостолот кој прв го напишал Евангелието.
Од дамнешни времиња нашите предци го празнувале овој празник кој е поврзан со различни обичаи, а некои семејства го слават како празник куќна слава. Еден од главните обичаи е да не се работи на Марковден, особено тешка физичка работа.




Овој празник го нарекуваат и „благ ден“, па наместо на работа, верниците денот треба да го поминат во мир, молитва, одмор и негување на душата.
Некогаш се верувало дека оние кои напорно работат на овој празник ќе бидат придружени со невреме и бури во текот на целата година. Постои еден стар обичај дека на овој ден не треба да спиеме преку ден за да не ни се спие цела година.




Сепак, овие обичаи зачувани од античко време се само интересни, додека најважно утре па и секој ден е да развиете душевен мир, да се посветите на правење добри дела и да верувате дека се ќе биде во ред.


