УТРЕ Е ОГНЕНА МАРИЈА – СЕКОЈ ДОБИВА ПО ЗАСЛУГА, ДОБРОТО СО ДОБРО СЕ ВРАЌА: Зошто се гледа во небото, еве кои се обичаите!

Обичаи на празникот Огнена Марија – еве што треба да правите, зошто нашите предци гледале во небото…

Празникот Огнена Марија посветен на Светата великомаченичка Марина, православните верници го слават на 30 јули. Ова е еден од најважните празници од времето на нашите предци, а жените ја слават Огнената Марија како свој заштитник.

Во житијата на оваа светица е забележано дека е родена во Рајот во III век за време на владеењето на царот Диоклецијан во Јужна Анадолија, во Писидија. Уште од детството избрала да се посвети на духовен и монашки живот.

Таа била исклучително убава, а царскиот управител Олимврија, кој ги прогонувал христијаните, сакал таа да се омажи за него, што таа го одбила. Потоа била маченичка и прогласена за светица.

Моштите на светицата почиваат денеска во Атина, во храмот на Пресвета Богородица.Нејзината преподобна Десна рака е пренесена на Света Гора, во манастирот Ватопед.

На врвот на планината Ланга во Албанија, над самото Охридско Езеро, се наоѓа манастир посветен на Света Марина, со делови од нејзините мошти.

Нејзините последни зборови се запишани во светите книги: „Не имајте залудни надежи, управителу, ниту ме плашете со маки, бидејќи не се плашам од маки. Ништо не може да ме одвои од Христа! Не се плашам од неволји, ниту глад, ни оган, ни меч.

Немој да мислиш дека ќе ме придобиеш со пофалби, ни со злато, ни со некое друго богатство. Сето тоа е расипливо и минливо, за мене безвредно.

Постојат различни обичаи и верувања кои се поврзуваат со овој празник уште од античко време. Според народното верување, Огнена Марија е сестра на свети Илија.

Секоја година таа од него го крие неговиот празник 2-ри август за да не се занесе од среќа и славење со громовите. Се верува дека на овој празник секој го добива она што го заслужува и дека доброто добро враќа.

Постои обичај да не се работи физичка работа, туку да се слави денот во мир, молитва, вера и љубов. Исто така, старото верување е дека на овој празник не треба да се капе во реки и длабоки води.

Нашите предци сметале дека е лош знак ако на денот на Огнена Марија се чуе молња или гром. Верниците и се молат на светицата за добро здравје и заштита од невремето.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...