Обичаи и верувања на празникот Свети Прокопиј – зошто љубовта посебно се слави на Прокопиј!




На 21 јули православните верници го слават денот на Прокопиј, празник посветен на Свети Прокопиј. За овој празник се поврзуваат разни убави обичаи, а најважно е да се развива духовноста преку молитвата и чистата љубов во срцето.
Свети Прокопиј бил роден во Ерусалим со името Ненај и бил војник во служба на царот Диоклецијан. Според легендата, во една од походите во кои требало да ги прогонува христијаните, имал визија во која се сретнал со Бога и оттогаш станал христијанин.




Го фрлил мечот, се крстил и го добил името Прокопиј, а тој е еден од светителите кој добил маченички венец, па покрај свети цар Константин и царица Елена и неговото име се споменува на црковните венчавки.
Уште од предците овој ден се сметал за особено поволен за свадби. Се верува дека свети Прокопиј дава благослов на брачен пар кој ја круниса својата љубов.




Според верувањата и обичаите, на овој ден треба да се избегнува пливање во реки. Како што е наведено во житието на светителот, свети Прокопиј бил благ човек кој се трудел да го види доброто во секој човек – ова е поука што можеме да ја научиме на овој празник.
Треба да избегнуваме кавги, расправии, конфликти и да избереме да испраќаме нежни зборови на надеж, љубов и утеха на луѓето. Градот Прокупље на југот на Србија го добил името по овој светец.






