Фенг шуи предупредува – овие 3 работи никако не чувајте ги во својот ходник!




Ходникот е многу важен простор според фенг шуи, кој ја отсликува целата енергија на нашиот дом. Посебно треба да се внимава на неговото уредување, бидејќи ходникот е еден вид „портал“ за енергија која влегува и излегува од нашиот дом.
Постојат неколку фенг шуи правила за овој простор до кои вреди да се придржувате, но овие 3 според експертите не треба да се прекршуваат. Еве неколку работи кои никогаш не треба да ги имате во ходникот:




1. Неред – расфрлани чевли, премногу облека на закачалката …
Ходникот треба да биде минималистички, со што помалку работи. Уредниот и чист простор привлекува мир и хармонија, а нередот привлекува негативна енергија и го блокира протокот на позитивна Чи енергија.
Расфрлани работи, бројни чевли на подот или гардероба на закачалката, како и канта за ѓубре, никогаш не треба да се најдат во преден план бидејќи привлекуваат лоши вибрации.




2. Ѕид како блокада
Ако имате ѕид во ходникот кој е блиску до вратата, тоа е знак на негативна енергија. Кога ќе влезете во домот и првото нешто што ќе го видите е ѕид, ќе имате чувство на енергетска блокада.
Тоа не мора да значи дека ѕидот треба да се урне, но можете да користите стар трик со огледало. Закачете огледало на тој ѕид, нека го одразува слободниот простор.




Така, кога ќе влезете во просторијата, веднаш ќе го гледате одразот на просторот во огледалото наместо самиот ѕид. Важно е да не ја гледате влезната врата во одразот на огледалото.
3. Скршена врата
Ако вашата влезна врата се скрши, крцка или тешко се отвора, важно е да ја поправите. На енергетско ниво, се верува дека проблемите со вратите го отежнуваат отворањето нови можности.




Затоа погрижете се вашата влезна врата да нема пукнатини, гребнатини или блокирања. Отстранете ги сите предмети што го попречуваат слободното затворање или отворање на влезната врата.


