Кога оваа година за Велигден ќе бојадистате ново прво велигденско црвено јајце кое уште се нарекува и чувар куќа, еве што треба да направите со старото




Многу обичаи се поврзуваат со Велики петок и Велигден, а еден од нив е бојадисувањето јајца. Можете да ја пуштите вашата фантазија за да ги декорирате јајцата и масата, но првото јајце што ќе се бојадиса треба да биде црвено.
Ова јајце уште се нарекува и чувар куќа. Се верува дека тоа во текот на целата година ќе го заштитува вашиот дом од секакво зло, несреќа и негативна енергија. Треба да се чува на посебно место до следниот Велигден.




Вообичаено е следниот Велики петок да се замени старото чувар куќа – јајце со ново, но многумина се во дилема што да прават со старото од минатата година.
Во некои краишта кај нас постои обичај да се запали старото прво црвено јајце во дворот за да се избрка сето зло и несреќи што тоа ги чувало во себе една година.




Постои и обичај првото велигденско јајце од минатата година да се однесе до блиската река или поток за водата симболично да ги понесе сите неволји со себе. Покрај проточна вода, јајцето – чувар куќа може да биде закопано и во земја.
Што и да правите со него, важно е само да не го оставите старото чувар куќа јајце дома – за таа цел имате ново јајце кое ќе ве чува до следната година.




Додека јајцето чувар куќа стои на почесно место во домот за време на Велигден, на Велигденското утро семејството прво чука јајца за да види чие јајце ќе биде поцврсто, а децата најмногу се радуваат на овој прекрасен обичај.


