Еве ја симболиката на каранфилите и што значи кога некој ќе ви го подари овој цвет




Каранфилот е еден од симболите на 8 март и Денот на жената, но историјата на овој миризлив цвет и симболика датира повеќе од 2000 години.
За христијаните, каранфилот не е обичен миризлив цвет, туку го претставува страдањето на Исус и Марија. По распнувањето Марија леела солзи за синот, а на местата каде што ѝ паднале солзите се верува дека никнале каранфили.




За време на викторијанската ера, розовите, црвените и белите цветови симболизирале љубов, наклонетост, благодарност и восхит, па подарувањето каранфили било начин да покажете дека се грижите за некого, а ова значење останало до ден-денес.
Црвениот каранфил е вообичаен мотив и во уметничките слики – за време на ренесансата често се гледал во композицијата на Мадона и детето.




На исток, каранфилот има сосема поинакво значење. Во Кореја, каранфилите се користат за предвидување на иднината, а во Јапонија се верува дека може да ги одврати злото и неволјите.
Имено, се верува дека берењето каранфили, мирисањето на нивните ливчиња и пуштањето да ви дувнат од дланката исто така ќе ви ја одземе целата мака.




Врската помеѓу каранфилот и Денот на жената потекнува од Соединетите Американски Држави на почетокот на 20 век, кога една од лидерите на движењето, Ана Џарвис, го избрала белиот каранфил за свој симбол, бидејќи тој бил омилениот цвет на нејзината мајка.
Оттогаш, каранфилот стана цвет кој го симболизира празникот посветен на жените ширум светот. Каранфилите можат да имаат различни значења во зависност од нивната боја: светло црвен цвет значи восхит, а темноцрвен значи љубов и наклонетост.




Црвената боја е симбол и на работничкото движење, па многу државни компании им ја даваа на своите работници од 1960-тите до 1990-тите. Белиот каранфил е симбол на среќа и љубов, а виолетовата е каприциозна.


