Знаеме колку цигарите се штетни за здравјето, а истражувањата на научниците од Харвард дадоа повеќе резултати. Пушењето, дури и на краток рок, го зголемува ризикот од развој на заболување на периферните артерии кај жените.




Ако пушите повеќе од 15 цигари дневно, тогаш ризикот од развој на оваа болест е повеќе од десет пати, тврдат истражувачите. Периферната артериска болест е стеснување на периферните артерии, особено на нозете.
Високиот крвен притисок, холестеролот и дијабетесот го зголемуваат ризикот од периферна артериска болест, која во западните земји погодува околу пет отсто од населението на возраст меѓу 55 и 74 години.




Симптомите вклучуваат болка во нозете и чувство на замор во мускулите на нозете при одење.


