Како што минуваат годините, така и ние се менуваме, а тие промени носат добри и лоши работи. Учењето е клучно на тој пат – еве што секоја жена треба да знае и да примени до 50-тата година од животот…




Како што минуваат годините, ние постојано се менуваме. Она што порано го сакавме, кон што се стремевме, престанува да ни биде интересно. Она што нè загрижуваше во дваесеттите години подоцна стана сосема неважно, дури и смешно.
Промената е важен дел од созревањето бидејќи на тој начин подобро се запознаваме себеси и учиме што е најважно, кои се нашите приоритети. Целиот процес на учење низ кој ќе поминеме е важен, бидејќи тоа е единствениот начин да напредуваме.




Еве што треба да направи секоја жена до нејзината зрелост бидејќи тоа е единствениот начин да се постигне самосвест:
1. Ослободете се од вашите сомнежи
Како помлади, жените се сомневаат во својот изглед, тело, сакаат да бидат послаби, позгодни, да се споредуваат со другите… Се сомневаат во своите способности, се плашат дека нешто ќе пропадне, дека ќе згрешат, дека нема да бидат среќни…




Тие поминуваат многу години во сомнеж. Но, едно нешто треба секогаш да го имате на ум, а тоа го знаат сите жени над четириесет и педесет години – никој нема да верува во вас ако не верувате во себе!
Само затоа што го знаат тоа, не велат „не можам“, туку ги засукуваат ракавите и го прават тоа.




2. Простете си за грешките
Постојаното самопрекорување не води до ништо. Ако никогаш не сте задоволни со себе, никогаш нема да можете да се чувствувате среќни. Оставете ги во минатото сите погрешни потези, лоши луѓе, сето она на кое сте изгубиле време, сето она што ве повредило…
Можеби нешто било случајно, вие сте биле виновни за нешто затоа што сте направиле погрешен избор… Заборавете на се тоа. Запомнете дека вие сте само човек, што значи дека сте несовршени.






