Оревите се храна која треба редовно да се консумира. Меѓу јаткастите плодови, оревите се најбогати со антиоксиданси.




Поради тоа се сметаат за намирници кои може значително да ги намалат знаците на старост, и заштитуваат од многу болести. Грст ореви помагаат и за намалување на лошиот холестерол на дневна основа, а исто така го спречуваат и развојот на дијабетес.
Оревите се добри и за мозокот, расположението и помагаат против несоница, го спречуваат создавањето на камења во жолчката, ги штитат коските и се идеалната диетална храна.
Истражувањата покажаа дека само 30 грама ореви дневно обезбедуваат 95 отсто од потребната дневна доза на омега-3 масни киселини.




Исто така, се смета дека го зголемуваат бројот на добри бактерии во цревата и го намалуваат оксидативниот стрес во мозокот.


