Леа Сејмур (34) на 19 јули била во својот дом во Фелтам, западен Лондон, чистејќи ја бањата. Излегува дека тоа завршило лошо за неа.




Имено, таа вдишила големо количество испарувања од средствата поради кои доживеала напад на астма. По четири дена борби во болница, нејзините бели дробови сепак не успеаја да закрепнат.
Селија, како што ја нарекувале нејзините пријатели, тој ден била кај неа дома со Питер Сефери, кој е сопственик на автопералната каде што била вработена. Тој објасни како се одвивала трагедијата.
-Ја повикав и реков дека сум во близина на нејзината куќа и дека ќе стигнам за неколку минути. Таа рече дека ќе ја исчисти бањата и ќе ја остави вратата отклучена.




Само што влегов почувствував силен мирис. Слегов долу и нормално разговаравме неколку минути, кога почна да се гуши ми рече да повикам брза помош.
Набрзо се онесвести, а јас се обидов да и пружам прва помош – наведува тој. Веднаш била пренесена во болница, каде што лекарите морале брзо да интервенираат, но четири дена подоцна таа ја изгубила битката.
Нејзината мајка, Џули Фалон, рече дека пожарникарите и објасниле дека мешањето на белилото и средствата за чистење тоалети создава соединение кое предизвикува напад на астма, па таа апелирала до другите луѓе да не пробуваат нешто такво.




Набргу по тоа што се случило, Питер го смени името на компанијата во „Celia’s car wash“ во спомен на несреќната девојка и пријателството што го изградија во текот на пет години.


