Алуминиумската фолија не мора да ја користите само за складирање на намирници.




Иако е многу корисна, луѓето не користат толку често алуминиумска фолија. Нејзината главна примена е во зачувување на свежината на храната или при готвење.
Покрај употребата во кујна, алуминиумската фолија често може да замени и разни предмети.
Направете две или три топчиња од листовите со фолија и вметнете ги во барабанот на машината пред да ги перете алиштата. Тие ќе предизвикаат вртење на повеќе алишта, што ќе ја направи гардеробата помека.




Истиот трик можете да го користите и кога се работи за машина за сушење, а фолијата е одлична за ткаенината бидејќи ослободува статички електрицитет.
Алуминиумската фолија може да ја замени и жицата за чистење садови.
Ако згужвате топка од алуминиумска фолија, таа може да ги отстрани дури и најтврдокорните остатоци од храна во тенџерињата или тавите.
За да ги изострите ножиците, преклопете лист фолија неколку пати за да биде рамно, но подебело. Потоа земете ги ножиците што сакате да ги изострите и исечете ја фолијата неколку пати.




Доколку сакате да ја вакумирате храната во кесиња, отворот на кесичката покријте го со фолија и над неа пеглајте со пеглата.


