Алое вера со векови е позната по своите лековити својства. Еве десет причини зошто треба да го имате ова растение во вашиот дом:




1. Богато е со витамини:
Алое вера содржи: Б1 – важен за метаболизмот, Б2 – го подобрува варењето, Б3 – го намалува нивото на ЛДЛ (лош) холестерол и триглицериди, Б6 – неопходен за метаболизмот на амино киселините, витамин Ц, Б9 – поправка на ДНК, производство на здрави крвни зрнца , А (бета – каротин) – го намалува ризикот од рак на дојка и јајници.
2. Богат е со минерали:
Алое вера содржи: Калциум – ја подобрува густината на коските, менталното здравје, здравјето на крвните садови, ја спречува менопаузата; Цинк – го зајакнува имунолошкиот систем;




Бакар – од суштинско значење за здравјето на кардиоваскуларниот систем; Железо – транспорт на кислород преку крвотокот; Калиум – здравје на мозокот и нервниот систем; Магнезиум – ја зголемува енергијата во телото.
3. Содржи 8 есенцијални амино киселини:
Лизин; Валин; Метионин; Леуцин; изолеуцин; Фенилаланин; Хистидин, глутаминска киселина.




4. Дигестивна моќ:
Сокот од алое вера помага при проблеми со варењето. Лекува чир на желудникот, ја регулира цревната микрофлора.
5. Антибактериски ефект
Сокот од алое вера убива бактерии, габи и други микроорганизми.




6. Го подобрува имунолошкиот систем
Алое вера често се зема за да се спречат болести. Исклучително добро се бори против вирусни и бактериски инфекции.
7. Масни киселини
Сок од алое вера: го намалува воспалението; го намалува покачениот холестерол; помага во лекување на неколку видови на рак.




8. Детоксикација
Кога јадете алое вера, таа создава желе што се врзува во цревата и ги исфрла сите токсини од телото.
9. Ја зголемува телесната pH вредност
Ниската телесна pH вредност предизвикува голем број здравствени проблеми како што се замор, инфекции, губење на апетит, дезориентација. Сокот од алое вера го алкализира телото и на тој начин ја зголемува pH вредноста на телото.




10. Го зголемува здравјето на косата и кожата
Благодарение на гелот од алое вера, можете да ја обновите оштетената коса и да ги спречите првите знаци на стареење. Исто така го стимулира производството на колаген.


