10 работи во куќата кои привлекуваат среќа – фенг шуи упатства за енергија на изобилство и просперитет!




Според фенг шуи, скршени работи или работи што повеќе не ги користите, скршени апарати, исушени растенија, испукани садови и други работи не треба да се внесуваат во куќата.
Се верува дека таквите предмети само го уништуваат просторот, создаваат неред и не дозволуваат позитивната енергија да циркулира низ куќата. Од друга страна, постојат предмети за кои веруваме според фенг шуи дека можат да привлечат добри вибрации.




Ви пренесуваме за 10 работи што можеби веќе ги имате во вашиот дом, а за кои не знаевте дека се симбол на радост:
1. Потковица – Долго време се смета за симбол на среќата. Обично потковицата се поставува над влезната врата од домот како еден вид амајлија.




2. Фигура на слон – симболизира мудрост и стабилност, а се верува дека можат да привлечат среќа, хармонија во домот и да ги зајакнат врските.
3. Букет цвеќе – Свежото цвеќе не само што е пријатно за око, туку и прилично позитивен симбол кој привлекува радост, среќа и просперитет.




4. Мириси – Одредени мириси носат мир и стабилност, особено мирисот на темјан. Можете да користите и есенцијални масла за освежување на мирисот во просторијата – ароми на чајно дрво, цитрус, рузмарин и јасмин.
5. Вода – Одлично е доколку во вашата куќа имате украсна фонтана или аквариум, како и секој друг простор со вода. Ако тоа не е случај, тогаш можете да ставите сад со вода и да го украсите со камења и растенија.




Важно е во овој случај да се менува водата секој ден – кога водата циркулира, според фенг шуи, енергијата на среќата и парите полесно циркулира низ домот.
6. Монети – Садовите со монети или монети во делови од собата, според фенг шуи претставуваат привлекување на енергијата на изобилството.




7. Овошје – Цитрусите и јаболката се плод на среќата и добрите вибрации, па затоа е погодно да имате корпа со овошје на трпезариската маса.
8. Свеќи – Тие се симбол на светлината, можат да ви помогнат да се опуштите и да го подобрите расположението, особено ако се миризливи.




9. Ѕвонче – Кога имате ѕвонче во вашиот дом, тоа навестува среќа. Звукот на ѕвончето може да ја прекине тишината во куќата и да донесе прекрасни вибрации.
10. Килибар – Златниот килибар се смета за симбол на просперитет и богатство. Како украс можете да користите накит со килибар, фигурини на кои е истакнат овој камен. Се верува дека килибарот дава јасност на умот, и ви помага да донесувате добри одлуки.






