10 ШТЕТНИ МИТОВИ ЗА МЕНОПАУЗАТА ВО КОИ НЕ СМЕЕТЕ ДА ВЕРУВАТЕ: Жените ја прават оваа грешка, а точно е спротивното – ова се заблуди!

10 работи за менопаузата во кои не треба да верувате – секоја жена ги поминува симптомите на посебен начин!

Менопаузата е природен и нормален дел од животот на секоја жена, исто како и менструацијата. Се јавува кога жените почнуваат да стареат, поточно кога нивото на естроген им се намалува.

Ова е список на штетни митови за менопаузата кои науката ги отфрли и во кои жените треба да престанат да веруваат.

1. Имате менопауза ако имате топли бранови, слаба меморија или се здебелувате

Само затоа што некои жени доживуваат топли бранови за време на менопаузата, не мора да значи дека ќе го почувствувате тоа. Всушност, топли бранови или други непријатни симптоми може да се појават пред менопаузата (перименопауза).

Покрај тоа, менопаузата не предизвикува зголемување на телесната тежина и губење на меморијата. Веројатно сте се здебелиле или сте ги заборавиле клучевите од куќата поради други фактори и стареење.

2. Менопаузата секогаш започнува на 50-годишна возраст

Може да добиете менопауза на 30 години, се зависи од лековите што можеби ги земате, дали пушите, некои операции што сте ги направиле, но и од генетиката. Иако просечната возраст на менопауза е 51 година, жените можат да ја имаат и во 40-тите.

3. Веќе нема да имате грчеви во менопауза

Непосредно пред менопаузата, можете да почувствувате болка и грчеви во пределот на карлицата, дури и кога немате менструација.

Мускулното ткиво е градежен материјал на вашата матка и може да се намали и да предизвика болка, но секогаш можете да си набавите грејач за ублажување на болката. Доколку болката е неподнослива, се препорачува посета на лекар.

4. Невозможно е да забремените пред да влезете во менопауза

Колку сте постари, толку е помала веројатноста да забремените. Сепак, жените продолжуваат да овулираат непосредно пред менопаузата, дури и ако пропуштиле неколку менструации.

Значи, дури и откако ќе наполните 45 години, треба да користите контрацепција. Треба да се внимава бидејќи бременоста во подоцнежна возраст може да биде опасна, особено за жените кои страдаат од одредени болести.

5. Менопаузата е болест

Менопаузата не е болест, туку поглавје од вашиот живот, исто како и пубертетот. Ова е почеток на втората половина од вашиот живот и треба да гледате позитивно на тоа.

6. Во менопауза сте ако сте пропуштиле неколку менструации

Потребна е една година без менструација за да бидете сигурни дека сте во менопауза, па почекајте или користете контрацепција за да избегнете бременост.

Ако сте имале менструација еден месец во една година, но сте пропуштиле неколку во текот на таа година, тогаш не можете да бидете сигурни дали навистина сте во менопауза.

7. Симптомите на менопауза траат вечно

Кога ќе дојдете до менопауза, нивото на естроген опаѓа, а кога тоа ќе се случи, потребно е одредено време за вашето тело да се навикне на тоа бидејќи сè оди бавно.

Генерално, симптомите се најболни на почетокот (првите неколку години). Можат да траат околу 4 и пол години по последната менструација, а најмногу 7 години. Но, како и секогаш, секој човек е различен, а на некои им треба пократко време.

8. Менопаузата предизвикува депресија

Постои голема разлика помеѓу клиничката депресија и промените на расположението како резултат на менопаузата. Клиничката депресија е нарушување што треба да се лекува, додека депресивното расположение е кога сте тажни.

Ако ве мачат постојаните промени во расположението, важно е да го сфатите ова сериозно и да побарате лекарска помош.

9. Кога ќе влезете во менопауза, доцна е да ги промените вашите животни навики

Секогаш е важно да останете и да бидете здрави, на која било возраст. За да го направите ова, главен приоритет е да внесувате доволно витамин Д и калциум, да ја намалите потрошувачката на алкохол, да престанете да пушите и да бидете сигурни дека вашето ментално и емоционално здравје е на вистинскиот пат.

10. Хормонската терапија предизвикува срцеви заболувања и рак на дојка

Една од главните причини зошто жените се против хормонската терапија е тоа што веруваат дека може да предизвика рак на дојка, срцеви заболувања или мозочен удар.

Сепак, студиите покажаа дека жените на возраст над 60 години всушност имале голема корист од терапијата, додека оние кои не земаат терапија пред 60-тата година имаат поголем ризик од развој на срцеви заболувања.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...