Вежбите за истегнување кои треба да се прават секоја вечер пред спиење се најефективни против постојаните болки во грбот и вратот – ќе ве ослободат од напнатоста, па полесно ќе заспиете.




Колку пати не сте успеале да заспиете од умор и напнатост навечер, па се превртувате во кревет барајќи ја најдобрата положба, но болката во вратот и грбот сè уште не престанува? Вие не сте единствените!
Со овие проблеми, многу луѓе секојдневно се будат и лежат навечер, чија работа е претежно седење или стоење, бидејќи најголемиот товар и во двата случаи го носи кичмата. Тука се акумулира целата тензија.




Најдобар лек за ова е вежбањето! Но, тоа не значи дека треба да правите некои напорни вежби кои се заморни и кои бараат многу време и одење во теретана.
Доволно е секоја вечер пред спиење да правите неколку лесни вежби за истегнување кои ќе ги опуштат мускулите и ќе ја ублажат болката. Така полесно ќе заспиете.




Кобра поза
Легнете на стомак и подигнете го предниот дел од телото така што ќе го свиткате ‘рбетот како кобра. Останете во оваа положба колку што сакате, на пример 3 пати по 15 секунди. Оваа вежба ја елиминира болката во долниот дел на грбот, која е последица на повеќечасовно седење.
Истегнување на рамениот појас и ‘рбетот




Клекнете на подот, земете крпа во рацете, затегнете ја и поместете ја зад грб, без да ги свиткате рацете. Повторете го истото само во спротивна насока. Направете 8 повторувања 3 пати.