2 РИТУАЛИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ НАПРАВИТЕ ВО ПРОЛЕТ – ДОНЕСУВААТ НОВИ МОЖНОСТИ: Искористете ја оваа енергија за среќа, љубов и благосостојба

Пролетни ритуали кои носат среќа, љубов и просперитет!

Со доаѓањето на пролетта сè се буди, повторно се движи, се раѓа и расте, станува бујно и цвета… Така ние и нашето битие доживуваме ново цветање.

За да се случи тоа, мора да се ослободиме од насобраната стара негативна енергија која не кочи и гуши, да го оставиме лошото, нашите неуспеси, промашувања и да го прифатиме сето ново и убаво што доаѓа.

Мора да го отвориме нашето битие за нови и убави можности, за среќа и љубов. Ви предлагаме 2 пролетни ритуали кои ќе ви помогнат да прифатите нови можности:

1. Опуштете се со вода

Како што знаете, водата има смирувачки ефект, го релаксира телото и умот, ни помага да го расчистиме умот, да најдеме фокус, да си ги поставиме приоритетите… Водата има моќ да ги растера грижите, да направи да се чувствуваме олеснето, како со себе да ни ги однела и нашите проблеми.

Ова е многу важно за нашата ментална благосостојба и мир, особено во денешното време кога сме изложени на постојан стрес. Обидете се да поминете што повеќе време покрај вода – било да е тоа река, езеро, извор, море…

Дури и фонтаната во градскиот парк делува лековито врз организмот. Водата е извор на животот! Престојот покрај вода нека биде ваш секојдневен ритуал. Можете само да го слушате неговиот смирувачки звук, да медитирате, да дишете длабоко …

2. Дајте си ветувања на себе

Треба да знаете и да разберете дека вие сте најважната личност во вашиот живот. Затоа, третирајте се себеси како драгоцени, верувајте дека можете, вредите и можете да правите што сакате.

Започнете со давање ветувања на себе. Запишете ги на лист хартија и ставете ги таму каде што можете да ги гледате секој ден. Еве еден пример:

-Ветувам дека ќе се сакам и прифаќам себеси таква каква што сум. Ветувам дека ќе бидам љубезна кон себе и ќе си простам за сите вистински или замислени грешки што ги направив.

-Ветувам дека ќе се хранам здраво и ќе се грижам за моето тело. Ветувам дека ќе го исполнам животот со љубов и радост.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...