Пролетни ритуали кои носат среќа, љубов и просперитет!




Со доаѓањето на пролетта сè се буди, повторно се движи, се раѓа и расте, станува бујно и цвета… Така ние и нашето битие доживуваме ново цветање.
За да се случи тоа, мора да се ослободиме од насобраната стара негативна енергија која не кочи и гуши, да го оставиме лошото, нашите неуспеси, промашувања и да го прифатиме сето ново и убаво што доаѓа.




Мора да го отвориме нашето битие за нови и убави можности, за среќа и љубов. Ви предлагаме 2 пролетни ритуали кои ќе ви помогнат да прифатите нови можности:
1. Опуштете се со вода
Како што знаете, водата има смирувачки ефект, го релаксира телото и умот, ни помага да го расчистиме умот, да најдеме фокус, да си ги поставиме приоритетите… Водата има моќ да ги растера грижите, да направи да се чувствуваме олеснето, како со себе да ни ги однела и нашите проблеми.




Ова е многу важно за нашата ментална благосостојба и мир, особено во денешното време кога сме изложени на постојан стрес. Обидете се да поминете што повеќе време покрај вода – било да е тоа река, езеро, извор, море…
Дури и фонтаната во градскиот парк делува лековито врз организмот. Водата е извор на животот! Престојот покрај вода нека биде ваш секојдневен ритуал. Можете само да го слушате неговиот смирувачки звук, да медитирате, да дишете длабоко …




2. Дајте си ветувања на себе
Треба да знаете и да разберете дека вие сте најважната личност во вашиот живот. Затоа, третирајте се себеси како драгоцени, верувајте дека можете, вредите и можете да правите што сакате.
Започнете со давање ветувања на себе. Запишете ги на лист хартија и ставете ги таму каде што можете да ги гледате секој ден. Еве еден пример:




-Ветувам дека ќе се сакам и прифаќам себеси таква каква што сум. Ветувам дека ќе бидам љубезна кон себе и ќе си простам за сите вистински или замислени грешки што ги направив.
-Ветувам дека ќе се хранам здраво и ќе се грижам за моето тело. Ветувам дека ќе го исполнам животот со љубов и радост.






