Ако сакате да изгубите тежина и да се ослободите од масните наслаги од стомакот, пробајте пијалоци направени од моќни билки ценети во Ајурведата!




Не можете да ги закопчате омилените фармерки? Дали се обидувате да изгубите тежина, но масните наслаги околу вашиот стомак опстојуваат?
Покрај урамнотежената исхрана и физичката активност, во процесот на слабеење можат да помогнат и одредени растенија кои го забрзуваат метаболизмот и помагаат да се ослободите од насобраните токсини.
Ви предлагаме три пијалоци препознаени во Ајурведата кои можете да ги направите дома и да ги пиете секое утро на празен стомак, за да го стимулирате метаболизмот:




Напиток од ким
Кимот е зачин кој традиционално се користи во сите индиски јадења. А напитокот од ова растение е одличен нискокалоричен напиток кој го поттикнува варењето и помага во топење на салото на стомакот.
Го потиснува апетитот и го забрзува процесот на слабеење. За да го подготвите напитокот, додадете една лажичка мелен ким во чаша вода и оставете ја преку ноќ. Се процедува и се пие на празен стомак следното утро.
Напиток од анасон
Анасон, т.е. семето од анасон се вреднува во Ајурведата затоа што е добро за правилен метаболизам. Го стимулира варењето и помага во подобра апсорпција на хранливите материи.




За да го направите напитокот, потопете две лажички семе од анасон во чаша вода преку ноќ. Процедете ја смесата или само добро измешајте ја и испијте ја следното утро.
Зелен чај
Овој чај стана незаменлива состојка во секоја програма за детоксикација благодарение на неговите антиоксиданси (катехини) за кои е познато дека го забрзуваат метаболизмот.
Истурете една лажичка листови во чаша врела вода. По 5 минути се цеди и се пие незасладено. Доколку сакате, додадете малку сок од лимон за да го подобрите вкусот.






