Чистењето на тоалетот не мора да биде комплицирано. Средствата за чистење тоалети што ги користиме обично се полни со хемикалии и силни мириси, па затоа е неопходно да се води сметка за испарувањето, како и за кожата.




За повеќе да немате главоболка од силни хемикалии, ви предлагаме три алтернативни, но подеднакво ефективни начини на чистење.
Наместо да купувате средства, обидете се да ја исчистите шолјата со сода бикарбона, лимон, кока-кола или оцет.
Сода и лимон – мирисна комбинација
Во сад ставете околу 200 грама сода бикарбона и додадете неколку капки есенцијално масло од лимон, или свеж сок од лимон. Добро измешајте ја смесата, па со неа истријте ја тоалетната школка.




Оставете го да делува еден час во шолја, а потоа истријте го со четка за тоалет и оставете ја водата да тече.
Чистењето со сода и лимон можете да го повторувате секој ден бидејќи е безбедно и одлично го чисти тоалетот.
Газиран сок за бигор и тврдоглави наслаги
Во шолја истурете 350 мл газиран сок, а потоа истурете го по рабовите во внатрешноста на тоалетната школка и оставете да делува еден час.




Најпознатите газирани пијалоци содржат киселини кои можат да ги „скршат“ тешките и тврдоглави дамки. Ако тоалетот е многу валкан, можете да го оставите овој газиран пијалок да делува преку ноќ, па наутро само оставете ја водата да тече.
Оцетот е идеален за сјај
За овој метод на чистење ќе ви требаат половина шолја сода бикарбона, 10 капки есенцијално масло од чајно дрво (или лимон) за мирисот и половина шолја бел оцет.
Посипете ја тоалетната чинија со сода бикарбона, капнете етерично масло и попрскајте ја целата внатрешност на шолјата со оцет.




Водата ќе се пени неколку минути, отстранувајќи ги тешките дамки. Кога ќе престане, само оставете ја водата да тече и ќе имате светла бела тоалетна школка.


