Според обичаите, на велигденската трпеза треба да се најдат уште некои симболи на верата, освен варените јајца, еве неколку во продолжение




Оваа година сите кои го почитуваат Јулијанскиот календар, Велигден, еден од најважните христијански празници, се слави на 24 април. Овој празник на кој се слави воскресението, односно преродбата, се поврзува со убави обичаи, меѓу кои и оние поврзани со велигденската трпеза.
Треба да има неколку работи на велигденската трпеза освен бојадисаните јајца, еве неколку во продолжение:




Бојадисани јајца
Овој обичај не може да се поврзе со христијанството, тој постоел и порано, кај старите народи, како и во еврејската традиција. Јајцата се симбол на нов живот. Тие се бојадисуваат на Велики петок, а во некои места и порано, на Велики четврток.
Првото јајце што ќе се бојадиса треба да биде црвено и се верува дека ќе го заштити домот и неговите станари од сите несреќи. Јајцето кое што претставува и чувар на куќата се чува до следниот Велигден.




На денот на Велигден, порано наутро, семејството чука јајца и на секој што ќе дојде на гости прво му се нуди јајце. Во некои традиции, бојадисаните јајца биле симбол на помирување, но и начин да се покаже наклонетост со нивното подарување.
Леб и квасец
Лебот симболизира храна за душата, т.е. Исус Христос, затоа што на гладните Тој им рекол „Јас сум лебот на животот“. Преку Христа, односно верата, ги храниме нашите души со благородност, добрина и надеж.




Квасецот е составен дел на лебот, а е симбол на царството небесно „бидејќи од мала грутка квасец целото тесто се кисели“.
Meд
Важно е да има мед на трпезата бидејќи ги симболизира апостолите. Како што пчелите одат од цвет на цвет, така и апостолите оделе од човек на човек и ја проповедале верата.






