Луѓето го ценат здравјето, финансиската сигурност и малите радости повеќе од завидното богатство, покажа едно истражување во Велика Британија.




Целта на неговите автори беше да утврдат кои се вредните работи во човечкиот живот. За три четвртини од испитаниците најважно во животот е здравјето на семејството.
Следува финансиска сигурност и искрената смеа. Високо рангирани се и добриот сон, прегратките, сигурен автомобил, миленичињата, мирот и тишината.




Студијата покажува и дека повеќето луѓе не сфаќаат кои се навистина важните работи во нивниот живот до 31 година. Некои луѓе и после таа возраст се уште не одлучиле што навистина им вреди.
Еве кои се 30-те најважни нешта во животот за луѓето според ова испитување:
- Семејството во добро здравје
- Финансиска сигурност




- Срдечна смеа
- Семејна блискост
- Добар сон
- Прегратки
- Сигурен автомобил
- Домашно милениче
- Добри перформанси на децата во училиште
- Тишина и спокојство




- Неочекуван бакнеж
- Тивка работа
- Добро сварена шолја чај
- Добар настап на омилениот фудбалски тим
- Луксузен одмор
- Добро платена работа
- Присуство на „креативна душа“
- Силна безжична врска




- Лежењето врз чисти чаршави
- Мрзливи недели
- Чувството на сигурност во службата
- Богатство на природата
- Убава чаша вино или пиво на крајот од денот
- Редовни средби со бабите и дедовците
- Оживувачко кафе
- Спонтаност




- Одење во паб
- Редовен јавен превоз
- Свежиот мирис после дождот
- Подготовка за вечера
И секако, заблагодарете се за нив, доколку сте ги постигнале.






