Освен декоративната улога, растенијата во затворен простор ни носат многу придобивки – ви претставуваме 4 причини зошто секоја куќа треба да ги има.




Се сеќавате ли на чувството кога последен пат сте прошетале во шумата? Токму тоа чувство можете да го доживеете во вашата куќа доколку ја збогатите со собни растенија!
Можеби мислите дека тешко се одржуваат, но секогаш можете да изберете растенија што се лесни за одржување . Ви претставуваме 4 причини зошто секоја куќа треба да ги има.




1. Го намалуваат стресот и не опуштаат
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои живеат во градови со малку зеленило се повеќе склони кон анксиозност и депресија, астма, кардиоваскуларни и автоимуни болести.
Колку повеќе сме одвоени од природата, толку повеќе сме одвоени од самите себе, нашето вистинско битие. Растенијата можат да ни помогнат да ја внесеме природата, барем во помал обем, во нашиот дом и да ја задоволиме нашата длабока психолошка потреба.




Секојдневното гледање и поминување време меѓу растенијата го намалува нивото на стрес , релаксира, поттикнува позитивни емоции и го подобрува расположението .
2. Прочистување на воздухот
Растенијата го чистат воздухот од загадувачи – јаглерод диоксид, азот диоксид (од автомобилски издувни гасови), фини честички, прашина и испарливи органски соединенија (од освежувачи на воздух, средства за чистење и дезинфекција).




Поради сето ова, растенијата се многу важни за квалитетот на воздухот во нашата куќа.
3. Нова вештина или хоби
Покрај тоа што има позитивни ефекти врз физичкото и менталното здравје , одгледувањето растенија е одлично хоби кое отвора простор за самоизразување и креативност, не поттикнува да научиме нешто ново (бидејќи секое растение има различни потреби) и обезбедува чувство на задоволство.




Истражувањата покажуваат дека одгледувањето растенија и грижата за нив е еден од начините за борба против чувството на бескорисност, осаменост, побрзо закрепнување од болест или траума…
4. Естетска атмосфера
Растенијата го облагородуваат секој простор и, според Фенг Шуи, носат среќа и благосостојба. Не мора да имате нов модерен мебел за да ја направите вашата дневна соба или тераса уредна и пријатна за релаксација.




Без разлика дали тие цветаат или само развиваат нови лисја, растенијата се еден од најубавите украси на секој простор за живеење!