5 непростливи грешки што ја уништуваат Вашата врска

Среќните долгорочни врски не се создаваат „на среќа“. За нив секојдневно се прават напори.

Ако сакате да живеете во мир со себе, да се чувствувате целосно пријатно во друштво на вашиот партнер, да бидете коректни и транспарентни во односите со луѓето, не репродуцирајте ниту еден од наведените обрасци на однесување во следните редови.

Заштитете се од непријатните последици. Сакајте. Бројте до 10. Ако пак е безуспешно, зголемете ги броевите. Бројте до 100. Пребројте до 100 десет пати. Не се откажувајте и не губете го духот. Бидејќи по прекинувањето на врската, самите Вие мора да собирате парчиња од Вашата душа дел по дел.

НЕ СТЕ ИСКРЕНИ

Тоа се случува често. Лагата ја убива врската затоа што ја убива довербата.

Ако не сте целосно искрени со партнерот, не го заслужувате неговото време, работа и прегратки. Тоа е толку едноставно.

ЗАВИСНИ СТЕ ОД СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Социјалните мрежи се дел од секојдневниот живот на многу луѓе, тоа е факт. Но, постојаната проверка на Вашиот профил и доколку Ви е тешко да го тргнете погледот од екранот покажува дека немате интерес да комуницирате со луѓето околу Вас.

Држете го телефонот далеку од Вас додека јадете, спиете или гледате филм со партнерот. Престанете да го игнорирате Вашиот соговорник.

ПОКАЖУВАТЕ НЕПОЧИТ

Погоре споменавме дека бесцелно гледањето во телефон додека разговарате со некого не е многу препорачана активност. На ова ги додаваме сите невербални кодови што можат да го направат Вашиот партнер да се чувствува лошо – превртување на очите, саркастичен тон, занемарување на проблемите.

Следете го правилото да се однесувате кон личноста до Вас онака како што сакате таа личност да се однесува кон Вас.

НЕ САКАТЕ ДА ПОКАЖЕТЕ ПРИВРЗАНОСТ

Кога врската е нова, веројатно не престанувате да барате физичка блискост. Во повеќето случаи, оваа потреба згаснува со време и искуство. Ова не значи дека треба да попуштите на времето да Ве прегази и да се оддалечите едни со други.

Оживејте ги односите во Вашата врска со оние мили гестови од кои Ви застанаа здивот на Вашиот прв состанок. Бакнежот во образ наместо вообичаеното суво „Догледање“ и спонтаните прегратки не бараат преголем напор, но тие можат да ја вратат магијата во Вашата врска, за која до неодамна бевте убедени дека испарила.

СЕ ОДНЕСУВАТЕ КАКО ДА НЕ СТЕ ВО ВРСКА

Излегувате постојано без да го информирате Вашиот партнер (не станува збор за добивање дозвола). Правите планови за полноќни излегувања без воопшто да размислите да го вклучите партнерот во Вашите планови. Не му ги кажувате важните вести, успеси и разочарувања во Вашиот живот. Флертувате со непознати без да знаете каде да ја поставите границата.

Ако сакате да бидете сами, ослободете се од овој „товар“. Ако сакате да бидете со некого, однесувајте се како одговорна и емоционално зрела личност. Тоа е толку едноставно.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...