Да не зборуваме за долгиот пат и промената на климата
Се разбира, не е задолжително децата да се разболат, но во овие околности ова е многу веројатно да се случи. Бидејќи нивниот имунолошки систем не е зајакнат и е во контакт со други деца, како на пример на плажа и во хотел, тие лесно се разболуваат. И тогаш работата станува сериозна – барање на педијатар, аптеки, лекови. А во странство со бебе си е руски рулет, таму од аптеките ништо не може да се купи без рецепт. Малото бебе не е за носење на море, ризиците далеку ги надминуваат придобивките.
Родителите не се сообразуваат со времето за на плажа
Напладне сонцето почнува да гори жешко и разумни луѓе го собираат багажот од плажа. И точно тогаш пошнуваат да пристигнуваат семејствата со мали деца. Очигледно тие имале забава до доцна во ноќта, но што се виновни децата за тоа? Високите температури го потиснуваат имунитетот, а на плажа сонцето е двојно посилно бидејќи се рефлектира во вода и песок. И тогаш се прашуваат зошто децата се разболуваат за време на летниот одмор. За да Ви биде главата мирна, на плажа со мало дете се седи до 11 часот.
Неправилна употреба на производи за сончање
Што се случува во пракса? Семејството пристигнува на плажа, почнува мачкање на кожата на детето и тоа се пушта да си игра. Внимателно прочитајте ги упатствата, се вели дека се нанесува половина час пред изложување на сонце и пишува и точно колку. На пример, 5 прскања по област на – грб, гради, итн. Инаку, како да не е намачкано. И друга грешка – кожата се намачкува нерамномерно, во ленти или дамки, на образите, на пример. Така, тенот ќе стане нерамномерен, со изгореници на места, а потоа и со бели дамки.
Родителите забораваат да им нудат вода на децата додека се на плажа
Вода, а не благи течности! Децата дехидрираат многу брзо, имаат релативно голема површина на кожата, дишат побрзо на топлина и губат течности со здивот. Вода треба да им се понуди и на доенчињата кога времето е топло.
Дури и храната за најмалите во рестораните се нуди од тезги на отворено
Еве вака, да проба детето на мама. Но, додека нашите стомаци се навикнати на сè, мал залак со слаб квалитет или застоена храна е доволен за деликатниот дигестивен систем на бебето да ги започне проблемите. А никој не е сигурен каков е квалитетот на храната, колку пати е замрзната, а да не зборуваме за уличната храна на оваа горештина. За најмалите, најбезбедни се теглите со готово пире или домашна храна предходно стерилизирана.