Цветот од багрем кој во овој период од годината го има во изобилство треба да се чува за зимата. Помага при многу здравствени проблеми, а најефикасен е за кашлање и за ублажување на висока температура.




Багремот цвета од април до крајот на мај. Цветот треба да се бере непосредно пред отворањето, да се исуши во сенка и да се чува во добро затворен сад, за да не ја изгуби аромата.
Ова дрво крие витамин Ц, есенцијално масло, шеќер, смола и танини во цветот, а протеини, јаглени хидрати, витамини А, Б1, Б2, Б6, Ц, како и магнезиум, фосфор, железо и цинк во семките.




За што е добар цветот на багремот?
Багремот помага при лечење на вируси, грчеви, кожни болести, варење, ја намалува температурата, го ублажува чувството на печење во желудникот и го зголемува излачувањето на урината од телото.
Цветовите можете да ги користите и во исхраната доколку имате проблем со запек, ако сте настинати или ако имате некоја срцева болест.




Цвет од багрем во палачинки
Покрај добро познатиот багремов мед, треба да пробате и чај од багрем.
Се подготвува така што една кафена лажичка суви цветови од багрем се прелива со зовриена вода и се остава да отстои половина час. Потоа процедете и пијте 1-3 шолји дневно.




Цветовите на багремот се вистински кулинарски специјалитет. Може да се пржат во смеса за палачинки така што ќе потопите цвет од багрем во класична смеса за палачинки и ќе го пржите на врело масло. Потоа посипете го со шеќер во прав и ванилин шеќер.
Кој дел од багремот е отровен?
Старата кора од багрем е отровна и треба да се пазите од неа. Истото важи и за листовите од багрем и суровите семиња.




Предизвикуваат слабост, можно проширување на зениците, повраќање, дијареа, слабеење на пулсот и шок на организмот.


