Веднаш направете промени во кујната: Овие 7 работи ќе Ви донесат среќа, успех и здравје!

Се верува дека фенг шуи, древната кинеска уметност на живеење и уредување на просторот, може да донесе рамнотежа и мир во нашите животи.

Проверете како треба да ја уредите кујната според фенг шуи правилата доколку сакате живот полн со успех, здравје, изобилство и среќа.

1. Извадете ги непотребните работи од кујната. Ослободете се од се што никогаш не користите. Старите скршени садови или пластичните чинии и искршените кујнски апарати се на врвот на листата на работи кои создаваат неред во кујната, а причинско-последичен е нередот во вашиот живот. Исфрлете ја храната со поминат рок од фрижидерот.

2. Исчистете го шпоретот. Содржи енергија на просперитет и затоа мора секогаш да биде чист, но и да работи правилно.

3. Ослободете простор на фрижидерот. Магнети, разгледници, флаери за испорака на храна, списоци на работи што треба да ги направите – нередот на фрижидерот и секој поглед во него создаваат премногу стимулација што прави да се чувствувате расеани.

Затоа посегнувате по храна во фрижидер дури и кога не сте гладни. Извадете сè од фрижидерот или оставете само неколку инспиративни цитати и преместете ги списоците со задачи во внатрешноста на вратата од кујната.

4. „Скријте“ ја корпата за отпадоци. Не држете ја отворена и не ставајте ја во видното поле, туку по можност под мијалникот, внатре во елементот или во оставата. Отворена корпа на повидок носи неред и „ѓубре“ во вашиот живот.

5. Наполнете го садот со овошје. Претставува успех и изобилство, а вие треба да го чувате на исчистена маса или на која било чиста површина на кујната.

6. Најдете места за растенија. Саксии со зачини, цвеќиња или било кое друго растение по ваш избор се добредојден кујнски додаток бидејќи внесуваат позитивна енергија во вашето секојдневие.

7. Не ги избегнувајте боите. Колку повеќе бои, толку подобро. Исто како и растенијата, боите се одговорни за внесување и задржување на позитивната енергија во кујната, но и во вашиот живот.

Поврзани објави

Comments

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
2,954FollowersFollow
0SubscribersSubscribe

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 8 ДО 14 МАЈ: Рибите можат да се заљубат на прв чекор, Стрелците имаат можност да ги жнеат плодовите од својот...

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 8 до 14 мај 2023 година! Овен Од крајот на март се соочувате со некои недостатоци во...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 05 ДО 07 МАЈ: Близнаците треба да се посветат на здравјето, а Стрелците на нежното водство на Универзумот

Дознајте што предвидува хороскопот за вашиот знак за викендот од 5 до 7 мај 2023 година! Овен Затемнувањето на Месечината во Скорпија ќе има силно влијание...

КОЈ ЌЕ ИМА СРЕЌА СО ПАРИТЕ ВО МАЈ 2023: Овие знаци ќе успеат да заработат повеќе и да ги подобрат финансиите

3 хороскопски знаци очекуваат среќа со парите во мај 2023 година - дознајте каква финансиска енергија ни носи овој месец! Пролетта е период на добри...

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП ОД 24 ДО 30 АПРИЛ: Близнаци – неделата ви започнува одлично, Девица – не е се така темно во љубовта

Дознајте што открива неделниот хороскоп за вашиот знак од 24 до 30 април 2023 година! Овен Драг Овен, во овој период не ви недостасуваат потврди и...

ВИКЕНД ХОРОСКОП ОД 21 ДО 24 АПРИЛ: Близнаците се справуваат со финансиски проблеми, срцето на Девицата ги шепоти тајните на среќата

Дознајте што открива хороскопот за вашиот знак за викендот од 21 до 24 април 2023 година! Овен Верувајте им на своите чувства и избегнувајте да бидете...