Венера влегува во Риби на 5 април и ќе остане во овој знак до 2 мај – еве како тоа ќе влијае на хороскопските знаци




Венера го напушта знакот Водолија на 5 април и влегува во знакот Риби каде ќе остане до 2 мај. Доаѓа времето на романса и екстаза, бидејќи Венера ја буди имагинацијата, нè поттикнува да сонуваме, да замислуваме.
Под нејзино влијание ќе бараме изговори зошто остануваме таму каде што сме, иако можеби не сме задоволни. На многумина ќе им се чини дека е подобро да се биде таму каде што се отколку да се биде сам.




Венера во Риби го носи крајот на старите и почетокот на новите врски бидејќи овој транзит завршува еден циклус. Го оставаме минатото зад себе!
Но, пред да преминеме на другата страна, се враќаме назад. Се среќаваме со поранешната љубов, размислуваме што оставаме зад себе, што се случило, зошто се случило… Оваа анализа е можност да си ги залечиме раните од минатото.




Кога ќе дојдат новите почетоци, тие најпрво ќе бидат обвиени со превез на тајност, затоа што сè уште нема да бидеме подготвени да ги дефинираме, да излеземе во јавноста. Ќе почувствуваме наплив на возбуда, ентузијазам, ќе бидеме обземени од чувства.
Ќе имаме чувство дека најдовме љубов. Сепак, тоа не е љубов, туку заљубеност, па дури кога ќе стивнат чувствата и тој ентузијазам од почеток, ќе видиме до каде сме со оваа приказна и кој ни стои на патот.




За време на овој транзит, може да нè привлече некоја зафатена или емотивно недостапна личност, некој кој претходно бил повреден, кој го носи товарот на необјаснетите врски од блиското минато, па се чувствуваме повикани да го спасиме, што има своја цена.
Но, со оваа Венера во Риби може да ни се случи прекрасно љубовно искуство кое ќе не излечи, ќе ни го подобри животот. Наше е да избереме – дали го избираме она што не исполнува и ја враќа вербата во љубовта или што не исцрпува и празни?




Позитивните карактеристики на ова влијание се безусловна љубов, емпатија, нежност, романтични средби, грижа, интуиција, несебично давање. Негативните влијанија доведуваат до негирање, прекумерна жртва, вина, заблуда и илузија.
Кога оваа Венера ќе се сретне со Нептун (28 април) и Јупитер на 30 април, во периодот околу овие датуми можеме да очекуваме некои важни средби и промени во однос на меѓучовечките односи.






