По долго користење на пеглата таа поцрнува, а не е невообичаено при пеглањето да се остави дамка на гардеробата.




Многу луѓе мислат дека нивните пегли „немаат спас“ кога ќе се појават црни дамки, па се чини дека најлесниот чекор е едноставно да ги фрлите и да купите нова. Многумина ова го сметаат за легендарен „изум“, бидејќи повеќе не мора да менуваат пегли секогаш кога ќе поцрнат.
Овој трик го објавила една девојка на мрежата „ТикТок“, а нејзиниот татко ја натерал да го објави ова видео. За чистење е потребна само една таблета парацетамол, а процесот трае само неколку минути.
Ви требаат пинцети или клешти и таблета парацетамол. Не заборавајте да ја загреете пеглата.




Неопходно е да се загрее пеглата, да се земе пинцета и таблета парацетамол, неопходно е кружно да се помине преку „изгорените“ делови од пеглата.
Луѓето беа воодушевени што некој конечно им ја откри тајната како да ги исчистат изгорените делови. Оние кои го пробаа овој трик, ги споделија своите впечатоци со луѓето на интернет.






