Според верувањето во фенг шуи, ловоровиот лист може да го „почувствува“ присуството на негативна енергија.




Во културите засновани на енергија на фенг шуи, постојат голем број техники за прочистување на негативните струи кои можат да ја нарушат рамнотежата и мирот во домот.
Една од нив е оваа со помош на ловоров лист, кој ќе ви открие дали во вашиот дом се наталожила лоша енергија, а доколку е така, ќе треба да го исчистите просторот на живеење.




Оваа техника не се изведува случајно со ловоров лист. Покрај тоа што има лековито дејство, се верува дека ловорот ја одбива негативната енергија и го чисти енергетски просторот.
Како да откриете лоша енергија во домот со помош на ловоров лист?
За почеток ќе ви требаат неколку ловорови листови, по можност 3 големи листови, една свеќа или кибрит и една чинија.




Запалете ловоров лист и оставете го на чинијата да изгори. Потоа излезете на тераса или одете во друга соба, па почекајте десетина минути да изгори ловорот.
Мирисот што ќе го почувствувате кога ќе се вратите во собата може да ви открие каква енергија има во вашиот дом.




Ако мирисот е пријатен и чувствувате мир и спокојство додека го вдишувате, тогаш се верува дека тоа е позитивна енергија.
Меѓутоа, ако мирисот што сте го почувствувале е непријатен, премногу силен и се чувствува како нешто кисело и гнило, веројатно во вашиот дом се акумулирала негативна енергија, која треба да ја исчистите.






