На 6 мај Меркур и Венера ќе бидат во секстил – еве што им носи овој аспект на хороскопските знаци




Секстилот на Меркур и Венера е еден од почестите аспекти во астрологијата поради сличната орбитална брзина на планетите. Двете планети управуваат со социјалната сфера.
Меркур управува со комуникацијата, а Венера управува со љубовта и врските, така што овој секстил е најголемиот симбол на пријателството и општо дружењето, без разлика дали е приватно или деловно.




Ќе можеме да ги користиме, но и да ги подобриме нашите социјални вештини. Ќе уживаме да поминуваме време со други луѓе кои не инспирираат, од кои можеме да учиме. Се што правиме ќе правиме со задоволство.
Ќе се обидеме да избегнеме конфликти и секаков вид на агресија и тензии. Недостаток на ова може да биде што ќе одиме низ вода, т.е. избегнувајќи кавги и конфликти, пропуштаме можности и искуства кои треба да ни го зајакнат карактерот, да не научат лекции.




Во петок ќе бидат поволни услови за сите видови општествени активности, особено за оние кои се занимаваат со политика, дипломатија, работат како менаџери или организатори – поточно сите активности кои бараат вештина за комуникација, преговарање и убедување…
Исто така, секој што работи во тимови може да се опушти, бидејќи атмосферата меѓу соработниците ќе биде добра, креативна и продуктивна. За време на секстилот на Меркур и Венера, можеме да очекуваме поволно влијание на сите видови врски – деловни, пријателски, но и интимни.




Ќе се чувствуваме удобно поради помал стрес и поголема хармонија, па полесно и поприродно ќе ни биде да ја изразиме нашата љубов и наклонетост. Очекуваме поголемо зближување со партнерот, продлабочување на врската.
Сега е идеално време за решавање на конфликти и недоразбирања, доколку ги има. Важно е само да сте отворени и искрени со саканата личност и да знаете кога да кажете „извини“!






